Loading Video...
Спорт плус
9. January 2019 - 13:31

Одбојкарите веруваат дека среќата ќе им се насмевне и дека се пласмааат на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за Европското првенство.   
 
Победа против Унгарија е императив за нашите одбојкари, во вечерашниот последен меч од квалификациите за Европскиот шампионат. Но, освен тој потребни се да бидат исполнети уште два услови, па црвено-жолтите да го обезбедат своето прво учество на континенталното првенство. 
 
За Македонија да биде дел од елитата потребно е да слави победа со максимални 3-0, но претходно да се надева и дека  Летонија ќе го победи Израел, односно Шведска ќе слави над Азербејџан. 
 
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се игра вечерва од 20 часот и 15 минути во СРЦ „Кале“