Loading Video...
Спорт плус
29. December 2018 - 17:13

Одбојкарите вечерва и утре ќе спарингуваат со Албанија

Најдобрата машка одбојкарска репрезнетација вечерва ќе го одиграат првиот  од двата контролни натпревари против Албанија, кои се дел од подготовките во продолжението на квалификациите за Европскиот шампионат. 
 
Во СЦ Форца во Скопје, црвено-жолтите вечерва ќе ја одиграат првата средба против Албанија, која ќе биде од затворен карактер, додека утревечер во терминот од 20 часот, но во СЦ Кале ќе се игра и официјалниот пријателски меч.
 
Одбојкарите се подготвуваат за европските квалификации во кои веќе на 5 јануари ги очекува гостувањето кај Украина, а на 9 јануари во Скопје ја пречекуваат Унгарија.