Спорт плус
23. јуни 2017 - 17:42

Одбојкарите со триумфот над Шведска се пласираа на завршниот турнир

Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево ја постигна и првата победа на вториот турнир од А групата од Европската лига. Во Тирана Македонија ја совлада Шведска со 3-0 во сетови (25:16; 25:22 и 32:30) и со тоа го обезбеди пласманот на завршниот турнир што ќе се игра во Данска (1-2.јули).

До крајот на овие натпревари Македонија треба да одигра уште два дуела: со Азербејџан (утре) и со Албанија (недела).
Денеска се игра и вториот натпревар од групата А домаќинот Албанија за ривало го има тимот на Азербејзан.
Инаку, од Б групата пласман на завршниот турнир обезбедија Украина и Данска.