Loading Video...
Спорт плус
6. јуни 2018 - 17:06

Одбојкарите против Косово ја бркаат втората победа во европската лига

 
 
Во дуелот против селекцијата на Косово, македонските одбојкари ќе се обидат да ја прекинат низата од четири порази во Сребрената Европска лига. 
 
Токму против вечерашниот противник Косово, нашите одбојкари со победа од 3-0 го започнаа својот настап во ова натпреварување, по што следеа по два порази од Австрија и Летонија. 
 
Шансата да се подобри впечатокот „црвено-жолтите“ ќе ја имаат вечерва во СЦ „Кале“ каде од 20 часот и 15 минути ќе започне дуелот против аутсајдерот Косово, последен во А групата. 
 
Иако македонските одбојкари групната фаза ќе ја завршат како трето рангирани, сепак тие, како домаќини, ќе бидат дел од завршниот турнир кој  на 15 и 16 јуни ќе се одржи во Скопје.