-->
-->
Одбојкарите порачуваат - Ќе сториме сè да ја победиме двапати Полска
-->
Само две победи на светскиот шампион полска ќе ги направи реални шансите за пласман на македонските одбојкари на „Фајнал-форот’’ во Европската лига.
Иако во ова натпреварување Полска игра со подмладен состав, сепак фактот дека против себе ќе го имаат актуелниот светски шампион, е доволен предизвик за „црвено-жолтите’’.
Селекторот Жарко Ристоски задоволен од досега прикажаното на неговите избраници.
- Уште пред започнувањето на натпреварувањето рековме дека Естонија и Полска се фаворити во групата, а во нивни прилог одат и случувањата во текот на натпреварувањето како што се осум од десет натпревари на Естонците на домашен терен и директен пласман на Полска како домаќин на „фајнл-фор“ турнирот. И покрај вакви тешки околности ние останавме во игра за полуфинале до самата завршница. Полска е многу силна репрезентација без разлика во каков состав ќе настапи. Играат агресивно со добра одбрана и напад. Ќе биде тешко, но ние сме во нагорна форма. Одиме да одиграме најдобро што можеме, изјави Ристоски.
Македонија со две победи во Полска, како и два пораза на Грција од Словенија ќе значи повторување на ланскиот успех кога „црвено-жолтите“ играа во полуфиналето.
Капитенот Никола Ѓоргиев смета дека за успешен резултат, Македонија треба да го диктира темпото и да не му дозволи на противникот да се размавне.
- Ако им ја пуштиш топката ќе те тепаат 3-0, ако им наметнеш своја игра ќе победиш 3-0. Затоа на овие натпревари треба да го покажеме нашиот квалитет. Одиме на две победи кои не оставаат во игра за „фајнл-фор“. Сите живееме за тоа, рече Ѓоргиев на денешната прес-конференција.
Натпреварите ќе се играат во Калиш, во петок и сабота, двата со почеток во 17 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО