Loading Video...
Спорт плус
13. јуни 2018 - 17:33

Одбојкарите подготвени за завршницата на Европската Сребрена лига

Македонските одбојкари ги очекува голем предизвик на меѓународната сцена. 
 
Во петок и сабота во Скопје ќе се играат завршните натпревари од Европската Сребрена Лига, во кои црвено-жолтите ќе се обидат конечно да стигнат до првото место. 
 
Хрватска ќе биде првиот противник на нашите одбојкари во четвртиот обид да се триумфира во Европската лига, годинава наловена како Сребрена. 
 
Можеби не импресионираа со настапите во групната фаза, но нашите одбојкари ветуваат и веруваат дека ќе сторат се за конечно да се радуваат на трофејот. 
 
Завршните натпревари ќе се играат во СЦ „Кале“ во Скопје и тоа во петок во првото полуфинале ќе играат Белорусија – Летонија, додека во второто од 20 часот, Македонија и Хрватска ќе се борат за место во големото финале кое е закажано за во сабота од 19 часот.