Спорт плус
13. September 2016 - 16:41

Одбојкарите патуваат за Крајова

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва заминува за Романија за градот Крајова каде од петок ги почнува натпреварите на првиот квалификациски турнир за Европското првенство во 2017 година. Нашите одбојкари последниве три дена тренираа во Струмица откако поради земјотресите го напуштија Скопје. Македонија се наоѓа во група со Романија, Чешка, Естонија, а вториот турнир се игра следниот викенд во Чешка. Првопласираната селекција ќе игра на ЕП, а втората ќе разигрува во бараж. 
Првиот натпревар Македонија го игра во четврток против Романија.