Спорт плус
3. January 2019 - 14:51

Одбојкарите отапуваа за Украина на меч од евро-квалификациите

 
 
 
Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска отпатува за Запорожје каде в сабота ќе го игра претпоследниот меч од квалификациите за Европското првенство со ќе се одржи од 12 до 29 септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија. 
 
Во најсилен состав црвено-жолтите ќе и се спротивстават на прво рангираната во групата Ф, селекцијата на Украина, со мотив да и се реваншираат за поразот во Скопје, која по водство од 2:0, нашите одбојкари беа поразени со 2:3. 
 
Воедно, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе атакуваат и на нови бодови со кои ќе се обидат да го освојат второто место во групата, а воедно да се вбројат и меѓу петте најдобро рангирани второ пласирани репрезентации од седумте групи, за кои е гарантиран настап на Европскиот шампионат. 
 
Дуелот меѓу Украина и Македонија ќе се игра в сабота со почеток од 19 часот, а во претпоследното коло од Ф групата истиот ден ќе играат и Унгарија – Швајцарија.  
 
Последната рунда на програмата е на 9 јануари кога во Скопје ќе гостува селекцијата на Украина.