Одбојкарите на Струмица повторно ја освоија шампионската титула
Одбојкарите Струмица повторно се шампиони на Македонија. Струмичани денеска на гости во Скопје, го совладаа Вардар со 3:2 во четвртиот меч од финалето во плејофот, со што стигнаа до својата шеста титула, инаку трета во низа.
Домаќините ги добија првиот и третиот сет со 25-21 и 25-22, додека вториот и четвртиот им припаднаа на гостите од Струмица со идентични 25-20.
Во решавачкиот петти сет, иако вардарци водеа на техничкиот тајм-аут со 8-6, сепак по него следуваше серија на Струмица од 7-1, па предноста од четири поени (13-9) сино-белите успеаја да ја сочуваат до крајот на сетот и со конечни 15-11 да го добијат истиот, за голема радост и нов шампионски трофеј.
Со тоа Струмица ја потврди својата доминација во домашната одбојка во која две години во низа освојува двојна круна,откако годинава прво го освоија Купот, а сега беа најдобри и во првенството
Кај дамите, во финалето играат Куманово и Јанта Волеј, а моменталниот резултат е 1-1 во победи, откако двете екипи ја искористија предноста на домашниот терен.
Третиот меч ќе се игра утре од 20 часот во Куманово,
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар