Одбојкарите на гости кај Летонија ќе атакуваат на втората победа во Европската сребрена лига | Сител Телевизија
Loading Video...
Спорт плус
22. May 2018 - 13:15

Одбојкарите на гости кај Летонија ќе атакуваат на втората победа во Европската сребрена лига

Македонските одбојкари утре ги очекува вториот меч од Европската сребрена лига, и тоа на гостински терен кај Летонија. 
 
Во првата рунда нашите одбојкари ја совладаа селекцијата на Косово на гостински терен со 3-1, а со ист резултат исто така на гости, Летонците ја изненадија фаворизираната Австрија. 
 
Мечот Летонија – Македонија ќе се игра утре со почеток од 17:30 часот.
 
Без разлика на пласманот во А групата, нашите одбојкари ќе бидат дел од завршниот финален турнир кој ќе се одржи во Скопје на 15 и 16 јуни.