Loading Video...
Спорт плус
1. јуни 2018 - 19:11

Одбојкарите и се „острат“ на Летонија

Нашите најдобри одбојкари активни и по топлото време. В наредната недела  во Скопје следуваат нови дуели од  Сребрената лига и тоа против селекциите на Летонија и Косово. 
Нашата селекција засега е далеку од ланската форма но се разбира главната цел е таа да се темпира за завршниот турнир од Сребрената лига кој ќе се одигра во Скопје  кон средината на месец јуни. 
Можеби дуелите со Летонија во недела и Косово следната среда ќе го потврдат вистинскиот потенцијал на оваа селекција. 
Капитенот  Никола Ѓорѓиев е оптимист бидејќи екипата од меч во меч игра се подобро:
Ме радува што се вратија дел од повредените одбојкари и затоа посакувам две победи, особено против Летонија која е силна селекција и ќе биде дерби меч пред домашната публика.  На некој начин последна контрола пред завршниот турнир во Скопје“ – изјави Ѓорѓиев. 
Натпреварот Македонија – Летонија се игра во недела на 3.јуни во СРЦ Кале со почеток во 20:15 часот