Loading Video...
Спорт плус
8. May 2020 - 16:22

Одбојкарите „го скроија планот“ како да ја завршат сезоната!?

 
Во одбојкарската федерација на Македонија, веќе го скроија планот како да ја завршат сезоните во сите натпреварувања. Од федерацијата потенцираат дека тие пред се победниците, односно шампионите, да се прогласуваат на спортските терени. 
 
Затоа од ОФМ  излегоа со предлог до клубовите, како да се довршат првенствата. 
 
Според планот, за шампионската титула во машка конкуренција би се бореле четири првопласирани екипи, Вардар, Џио Струмица, Универзитет Тетово и Лирија, додека кај дамите на екипите на Вардар, Работнички Скопје и Наковски Волеј би им се приклучила подобрата екипа од двомечот меѓу Струмица и Јанта Волеј Форца. 
 
Планирано е натпреварувањата да започнат на крајот на месецов (30-31.мај), а екипите да одиграат по двокружен бод систем (6 кола) , по што двете првопласирани екипи би го играле финалето во два добиени натпревари, а сезоната би завршила на 26 или 28 јуни.  
 
Но сега, наместо во три би се играло во два добиени натпревари, а притоа ниту еден тим нема да има почетна предност, стекната со двете победи во меѓусебните дуели во досегашниот тек од шампионатот, како што впрочем предвидуваше актуелниот систем со кој беше започната сезоната. 
 
Во сите младински категории предвидени се завршни фурнири во периодот од 31 мај до 26 јуни. 
 
Сега се чека препораката  на здравствените власти, а потоа и одлуката на владата, односно дозвола, дали и кога воопшто би можено одбојкарите и одбојкарките за продолжат со редовни активности, натпреварувања.