-->
-->
Одбиено барањето за укинување на мерката на претпазливост на Јордан Камчев
-->
Судија на претходна постапка го одби како неоснован предлогот на Јордан Камчев за укинување на мерката на претпазливост.
– До судија на претходна постапка, кој постапува по предлог на Ј.К. од Скопје за укинување на мерки за претпазливост, од надлежниот јавен обвинител доставено е негативно мислење во однос на предлогот. Ценејќи го мислењето и сите факти и аргументи во предлогот судијата на 05.12.2019 донесе решение со кое: Предлогот на осомниченото лице Ј.К. од Скопје, за укинување на мерката на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје од 27.12.2018 година, со предлог за определување гаранција со востановување на заложно право – хипотека над недвижен имот е одбиен како неоснован, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Против ова решение, како што е наведено во соопштенито, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид