Македонија
13. јуни 2016 - 16:56

Одбиено барањето за притвор на В.Т. од случајот „Транспортер“

Основниот суд Скопје 1 - Скопје го одби барањето на СЈО за предлог мерката определување на притвор против осомничениот В.Т.

-Во врска со Предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот, се истакнува во соопштението на Основен суд Скопје 1 - Скопје.

Оттаму информираат дека од СЈО имаат право да поднесат жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1  - Скопје.