Македонија
14. January 2020 - 15:39

Oдбиена жалбата: Катица Јанева останува во домашен притвор

Одбиена жалбата на Катица Јанева со која бараше Апелацискиот суд да ја ослободи од куќен притвор, за да се брани од слобода, потврдија од судот за „А1он“.

Судискиот совет ја потврдил првостепената одлука која ја донесе кон крајот на ноември, кога Јанева од истражниот затвор „Скопје“ беше преместена во станот на нејзиниот син, каде ја издржува мерката куќен притвор.

Поранешната обвинителка и натаму ќе биде без патна исправа, а државата не смее да ја напушти со лична карта. Останува и забраната што ја одреди судот, таа да може да комуницира со лицата кои се инволвирани во случајот „Рекет“.

Вишото јавно обвинителство испрати негативно мислење до Апелација за одбиеното барање на Јанева да се брани од слобода. Таа во затворот во Шуто Оризари беше од 21 август до пред почетокот на судските рочишта на 3 декември.

Следното рочиште за случајот „Рекет“ ќе продолжи на 20 јануари.

Бојан Јовановски, Катица Јанева се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство. Во досегашната истрага дел од парите се пронајдени, а дел Бојан Јовановски ги потрошил на скапа гардероба, патувања и ексклузивни одмори. Јанева од колачот добила мебел во вредност од 4.800 евра и пари во износ од 50.000 евра. А, Боки 13 1,5 милион евра.