Македонија
21. November 2018 - 10:24

Одбележување на Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест

 По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ,  кој годинава се одбележува под мотото „Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите денеска за граѓаните организираат бесплатни прегледи за мерења на дишната функција. Прегледите ќе се изведат од 11-14 часот во трговскиот центар „Капитаол“.

Овој настан, како што велат од Здружението на пневмофтизиолозите, е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување.

Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни. Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето.