Македонија
1. јуни 2016 - 8:23

Одбележување на Светскиот ден на згрижувачите

Црвениот крст на град Скопје денеска на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза со хепенинг и дружење со децата, згрижувачите и волонтерите на Црвен крст на град Скопје, ќе го одбележи 1 јуни, Светски ден на згрижувачите.

Ќе бидат поставени тенди на кои ќе се осмисли програма со аниматор во кои интерактивно ќе се вклучат и децата, а ќе се забавуваат и со  изведувачи на детски песнички.  Идејата е  самите згрижувачи на настанот да проговорат, да го споделат личното искуство и да ги поттикнат останатите граѓани да ја прифатат оваа форма. Исто така ќе се реализира и ликовна работилница со ликовен уметник и педагог.

Црвениот крст на град Скопје во соработка со  Министерство за труд и социјална политика, ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје имплементира годишна програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства со цел подобри услови за  живот на децата сместени во згрижувачки семејства.