Македонија
24. March 2017 - 9:09

Одбележување на Светскиот ден на туберкулозата

Под мотото „Здружени да ја елиминираме туберкулозата – никој да не биде заборавен“ денеска во Македонија се одбележува 24 март - Светскиот ден на туберкулозата.

По тој повод ќе се одржи прес-конференција и тркалезна маса на која ќе дискутираат експерти и претставници од граѓанскиот сектор кои директно работат со оваа проблематика и даваат придонес во превенција и елиминација на туберкулозата.

Организатори се Националниот координативен механизам и Институтот за белодробни заболувања со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите подржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.