Одбележување на Светскиот ден на борба против туберкулозата
Под мотото „Време е за акција…. за крај на туберкулозата” ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство денеска ќе го одбележат 24 март, Светскиот ден на туберкулозата, ден посветен на борбата против туберкулозата.
Во рамки на одбележувањето на денот ќе се одржи тркалезна маса на која ќе се обратат и дискутираат експерти за туберкулоза и претставници од граѓанскиот сектор кои директно работат со оваа проблематика и даваат свој придонес во превенција и елиминација на туберкулозата.
Доктори од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза ќе говорат за „Туберкулозата во Македонија, состојби и предизвици“, „Одржливост на превентивната програма за туберкулоза 2019 година“ како за туберкулозата на глобално ниво.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација