Македонија
19. February 2016 - 8:53

Одбележување на Прешернов ден во Кочани

Словенечкиот центар-Скопје ќе приреди програма во ОУ,,Малина Попиванова“ во Кочани по повод одбележувањето на словенечкиот културен празник „Прешернов ден“.
 
На настанот ќе учествуваат учениците од дополнителната настава по словенечки јазик која во Република Македонија се организира веќе 17 години од страна на Министерството за образование, наука и спорт на Словенија и Заводот за школство на Словенија, како и ученици од ОУ „Малина Попиванова“.
 
Од членови на Центарот ќе биде прочитана поезија од Прешерн на словенечки и на македонски јазик, а во рамки на настанот ќе биде претставена поетската збирка „Божилак на исконот“ од младиот поет Филип Димкоски. Предвидена е и музичка програма со настап на хорот на ОУ „Малина Попиванова“.
 
Словенечкиот центар-Скопје минатата година прослави петгодишно постоење, во кој период на различни начини преку литературата, музиката, филмот, спортот ја негува врската меѓу Словенија и Македонија.
 
Во Словенија, секој февруари е месец на културата со голем број културно-уметнички настани во чест на најистакнатиот словенечки поет Франце Прешерн, кој починал на 8 февруари 1849 година.