Македонија
26. August 2018 - 9:02

Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје утре ќе се одржи Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.

Утрото на 28 август, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. 

Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција.