Македонија
19. јуни 2016 - 9:23

Одбележување на Меѓународниот ден на јогата

Со сет од јога вежби  „Поздрав на Сонцето“ од страна на членовите на Фондацијата Art of Living Македонија, денеска во Скопје-Сити мол ќе биде одбележан Меѓународниот ден на јогата, прогласен од Обединетите Нации, а одбележуван во целиот свет.

Фондацијата Art of Living под мотото на основачот Шри Шри Рави Шанкар „Општество без стрес и насилство“, која e основана во 1981 година, претставува непрофитна, образовна и хуманитарна организација која спроведува стрес менаџмент семинари, како и хуманитарни проекти низ целиот свет.

Art of Living делува во 177 земји во светот, а во Македонија е активна осум години со стотици членови.