Македонија
3. јуни 2016 - 8:51

Одбележување на Денот на Лекарската комора на Македонија

Лекарската комора на Македонија денеска организира свеченост по повод одбележувањето на 24-годишнина од нејзиното основање.

На свеченоста ќе се обрати претседателот на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Кочо Чакалароски.

Во рамки на свеченоста ќе биде доделено највисокото признание на Лекарската комора на Македонија, плакетата „Св.Наум Охридски“, како и благодарници, а ќе биде соопштен и најдобриот објавен стручен труд во списанието Vox Medici  во текот на 2015 година.

Лекарската комора на Македонија е формирана на 5 јуни 1992 година.