Одбележување на 75-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада
Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца денеска ја одбележуваат 75-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска пролетерска ударна бригада.
Програмата за одбележување на јубилејот предвидува повеќе активности, меѓу кои во 10:30 часот положување цвеќе на споменикот во селото Сливово, со пригодни обраќања и историски час за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење во конечнот ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор. Потоа е предвидена посета на спомен-домот во Сливово.
Во 11:30 часот цвеќе ќе биде положено и на споменикот на паднатите борци во НОБ во селото Белчишта, како и пред паметникот на Трајче Дојчиноски.
Потоа следува посета на Ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во Белчишта, а свеченостите ќе бидат заокружени со свечена програма по повод Патрониот празник на училиштето.
Првата македонско-косовска бригада е формирана на 11 ноември 1943 година кај селото Сливово, во атарот на Општина Дебрца. Броела 700 борци од батаљоните „Мирче Ацев“, Крушевскиот батаљон, Првиот косовско-метохиски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовско-метохиски батаљон „Боро Вукмиривиќ“. Таа била многунационална воена единица, во чиј состав имало Македонци, Албанци, Срби, Црногорци, Словенци, Италијани.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците