Македонија
20. September 2021 - 7:57

Одбележување 75 години од основањето на Сојузот на здруженија на пензионерите

Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија денеска организира настан за одбележување 75 години од основањето, на кој ќе се обрати претседателот на Владата Зоран Заев. Обраќање ќе има и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, како и претседателката на Сојузот, Станка Трајкова.

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е формиран во 1947 година, а својство на правно лице има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација.

Тој е невладина неполитичка мултиетничка асоцијација во која членуваат 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во државава.