Македонија
21. May 2018 - 9:05

Одбележување 69 години од основањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Шеесет и девет години од основањето ќе одбележи денеска Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

По повод одбележувањето на основањето на Универзитетот и на Денот на светите Кирил и Методиј ќе се одржат неколку манифестации. 

Предвидено е одржување молебен посветен на браќата Кирил и Методиј, а со молебенот ќе чиноначалствува г. г. Стефан, архиепископ охридски и македонски, по што ќе следува положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј.

Ќе се додечи и звањето посечен професор на Универзитетот. 

Вечерва во Македонска филхармонија ќе се одржи свечена академија, на која ќе се обратат ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски и премиерот Зоран Заев.