Македонија
27. October 2016 - 8:50

Одбележување 100 години од раѓањето на писателот Васил Куноски

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска ќе одбележи 100 години од раѓањето на основоложникот на современата македонска поезија за деца Васил Куноски.

На одбележувањето во спомен-собрата на Миладиновци, беседа за Куноски ќе одржи проф.д-р Кристина Николовска.

Васил  Куноски е роден на 20 ноември 1916 година во Дебар. Автор е на голем број книги за деца и добитник на повеќе книжевни награди. Преведуван е на неколку странски јазици. Починал во Скопје на 13 јуни 1993 година.