Македонија
30. јуни 2019 - 19:48

Одбележани 70 години од Граѓанската војна и прогонот на децата бегалци во Грција

Протераните од Егејскиот дел на Македонија, денеска се потсетија на голготата од минатото.. Децата бегалци со цвеќе и емоции ја одбележаа 70 годишнината од граѓанската војна во Грција која целосно ги променила нивните животи.. 

Дел од присутните низ солзи раскажуваат за протерувањето од родниот крај кој не можеле да го посетат и повеќе од пет децении..

Од здружението МАКЕДОН обвинија дека оваа владеачката гарнитура целосно ги игнорира децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија..

Пред споменикот на децата бегалци, почит оддадоа делегации на здруженијата на македонци од егејскиот дел, светскиот македонски конгрес, пратеници..