Македонија
25. јуни 2018 - 20:07

Одбележани 62 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски

62 години,  толку ќе наполнеше трагично загинатиот претседател Борис Трајковски доколку беше жив.  На годишнината од неговото раѓање голем број струмичани денеска го посетија споменикот Македонија поставен во негова чест. 

Се поклонија пред споменикот, положија свежо цевќе и се потсетија на животот и делото на претседателот, но и на нивниот родина, пријател и сограѓанин.

Во чест на претседателот Борис Трајковски цвеќе положија и претставници на локалната самоуправа, политички партии и претставници на повеќе институции и здрженија.

Претседателот Борис Трајковски сонуваше со отворени очи. Неговиот сон за просперитетна Македонија и за Македонија членка на ЕУ и НАТО  беше сон поткрепен со силна верба во својата родна татковина. За жал, тој сон беше прекинат на 26 февруари 2004 година кога во авионска несреќа во близина на Мостар згасна неговиот живот, животите на неговите соработници и членовите на екипажот. Македонија беше завиена во црно, останувајќи без својот претседател кој имаше само 48 години, рече Коста Јаневски, градоначалник на Општина Струмица.

Во чест на  Борис Трајковски од страна на општинската библиотека во Струмица беше распишан и литературен конкурс на кој учествуваа голем број автори во неколку категории.