Одбележани 15 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила
Со почести и положување цвеќе денеска пред Споменикот на бранителите во касарната Илинден и пред спомениците во село Љубанци и во Волково беа одбележани 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила.
Министерот за одбрана Зоран Јолески, делегација на Владата на Република Македонија, претставници од кабинетот на претседателот на државата, Министерството за одбрана и АРМ положи цвеќе пред Споменикот на бранителите во касарната Илинден.
Цвеќе пред споменикот положија и семејствата на загинатите, преживеаните соборци, делегација од Здружената оперативна команда на АРМ и од баталјнот за почести, делегација на ВМРО-ДПМНЕ, претставници од здруженијата на ветерани и резервисти, херои и бранители на Македонија.
Панихида во чест на четворицата загинати бранители од општина Ѓорче Петров кои во конфликтот 2001 година ги дадоа своите животи бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, денеска одржаа свештеници од храмот „Св. Петар и Павле“ пред споменикот во Волково.
Цвеќе на споменикот положија најблиските роднини на загинатите, делегации од Министерството за одбрана на РМ, делегација на генералштабот на АРМ, градоначалникот на општината Сокол Митровски, делегација на Советот на општината, делегации на партиите, здруженија, училиштата и градинката и од полициската станица Ѓорче Петров.
Претходно денеска, владина делегација, претставници од кабинетот на претседателот на државата и од Министерството за одбрана, семејствата на загинатите, претставници на АРМ, преживеаните соборци, градоначалникот Петре Латиновски и жители од општина Бутел положија цвеќе и пред Споменикот на загинатите во село Љубанци.
Градоначалникот Латиновски, рече дека Македонија вечно ќе им биде благодарна и никогаш нема да ги заборави младите борци кои го дадоа животот за татковината и порача никогаш да не се заборават, но и никогаш да не се повтори.
Во чест на осуммината загинатите борци беше одржана панихида, а присутните со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите во поплавите во Скопје.
Семејствата на загинатите борци, исто така, побараа и поголема поддршка од државата.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок