Македонија
12. January 2022 - 16:32

Одбележана 14-годишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Роднини и делегации положија цвеќе пред споменикот на кој се испишани имињата на 11мината херои кои трагично го загубија животот во хеликоптерската несреќа.  Поминаа 14 години од кобниот јануарски ден кога се урна армискиот МИ17 кај катлановско Блаце. Македонските мировници се враќаа од шестмесечната мировната мисија АЛТЕА во БиХ.

 – Во услови на густа магла на ова место се урна хеликоптерот во кој трагично загинаа 11 припадници на воздухопловен ВИНГ. 

Со свежо цвеќе пред споменикот се поклонија нивните најблиски, колегите од ВИНГ, министерката за одбрана, генералштабот на АРМ, делегација од кабинетот на претседателот на државата.

На големата трагедија се присетија мештаните кои први го слушнале падот на хеликоптерот. Се уште ги паметат звуците од ударот и експлозијата.

Хеликоптерот МИ-17 требаше да слета на воениот дел од скопскиот аеродром.ВО извештајот на комицијата беа наведени 5 причини за несреќата меѓу кои неповолните временски услови.