Македонија
5. September 2019 - 16:44

Одбележана 10-годишнината од бродската несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15-мина бугарски туристи

Изминаа десет години од најголемата бродска несреќа која што се случи во водите на Охридското езето во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

И после една деценија сеќавањата сеуште се свежи и морничави  од кобниот 5 септември кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум.

Тој се  преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.Од Капетанија на пристаништата велат дека оваа несреќа е црна точка во наутичката историја.

На одбележувањето на десетгодишнината од бродската несреќа беа презентирани и скици од новиот споменик, кој е изработен, а ќе биде поставен  по донесувањето на одлука на Советот на општина Охрид .

Техничка неисправност и претовареност на бродот беа наведени како причини за големата трагедија во која загинаа осум жители на Општина Антон, четворица од Општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.