Македонија
22. February 2017 - 15:59

Одбележан Светскиот ден на Извидниците

Сојузот на извидници на Македонија заедно со своите извиднички одреди, а по повод Светскиот ден на извидниците, оваа година организираа повеќе хуманитарни настани.

Хуманитарна акција беше организирана од Извидничкиот одред (ИО) „Димитар Влахов“ во која тие успешно изработија и донираа пакети храна на неколку домови, на повеќе локации во Чашка и Велес. Постарите извидници беа дел и од крводарителната акција во Велес, каде ја покажаа својата хумана мисија, информираат од Сојузот.

Првите извидници од Скопје, најискусните, ПСИО, Светскиот ден го одбележаа со готвење и делење храна на бездомниците во Скопје, организирање игри со децата од Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари и децата од СОС Детското село. 

Сојуз на извидници на Македонија традиционално, трета година по ред, продолжува со организирање на и крводарителска акција во Скопје.