Loading Video...
Спорт плус
24. September 2018 - 13:49

Одбележан јубилејот 70 години Атлетска Федерација на Македонија

Атлетската федерација на Македонија го одбележа јубилејот 70 години од формирањето.     

Почесен гостин на свеченоста беше првиот човек на светската атлетика, Претседателот на ИААФ, Себастијан Кое. 

Легендарниот британски атлетичар, кој своевремено беше носител на четири олимписки медали, а дури осумпати поставуваше и светски рекорди, го изрази своето задоволство од заложбата и посветеноста во работата на македонската атлетика. 

- Го поздравувам она што го правите во атлетиката, со страст и посветеност работите на овој спорт. Зборуваме за значењето на атлетиката за животот на нацијата. Основата на се во спортот е атлетиката, а базата на атлетиката се клубовите. Гледам дека овде има посветеност во развојот на училишниот спорт и среќен сум што тоа е приоритет на владата, да се вклучи атлетиката во училиштата, изјави Себастијан Кое.