Македонија
22. April 2016 - 14:43

Одбележан Денот на книгата и авторското право во Кочани

Со читање на пораката од УНЕСКО и македонската порака за денот на книгата и авторското право во јавната библиотека „Искра“ во Кочани беше одбележан 23 април Денот на книгата и авторското право.

Библиотеката ги прогласи и најдобрите читатели во изминатата 2015 година. Во категоријата на деца и младинци за најуспешен чатател е прогласена Милена Глигорова, ученичка во 8 одделение во ОУ „Св.Кирил и Методиј“, а во категоријата возрасни читатели Методи Голубов.

На свеченоста е промовирана и најновата книга афоризми на Ленче Стоименова под наслов „Буба лази“. Книгата ја промовираше Миле Горгијоски, афористичар од Делчево.