Македонија
9. April 2020 - 17:43

Од заболените од коронавирусот 27 пациенти со потешка клиничка слика

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа се примени пет нови пациенти. Во моментов вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Клиниката изнесува 68 од кои со потешка клиничка слика се 20, а седум се во критична состојба.

За ова денеска на прес-конференција информираше министерот за здравство Венко Филипче на која ги соопшти веќе објавените податоци дека 46 лица се новозаболени со коронавирусот со што вкупниот број се искачи на 663.

– На Клиниката е примена мајка и четиримесечно бебе од Кочани кои во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно се пратат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и исип. Бебето е во стабилна здравствена состојба и без потреба од респираторна поддршка, истаакна Филипче.

Тој соопшти дека кај четворица од пациентите кои се лекуваат на клиника се чека и вториот контролен тест, првиот е негативен и дека доколку и вториот е негативен тие ќе бидат пуштени дома.

Во болницата „8 Септември“ се хоспитализирнаи 25 пациенти, пет од нив се во тешка состојба и се наоѓаат во Одделот за интензивно лекување приклучени на вештачка вентилација. Во Битола има четири пациенти кои се на болничко лекување од нив тројца се во стабилна состојба, а еден е со кислородна поддршка. Во болницата во Штип четоврица пациенти се на болнички третман и сите се со лесна форма на болеста.

Миниистерот на прес-конференцијата информираше дека денеска во Министерството за здравство се отвораат понудите за респираторни машини.

– Тоа е постпака на која предност даваме  на рокот на испорака, имајќи во предвид дека во моментов на светскиот пазар е голема побарувачка на овие машини  и секоја земја има предизвик да дојде до истите . Во тек е и завршија повеќе постапки во однос на заштитна опрема на реагенси, а денеска почнува уште една постапка за набавка на 3.000 реагенси за лабораторијата во Институтот за јавно здравје, истакна Филипче.

Министерот сооошти дека денеска е објавена и листата на донатори од кои на сметката на која што се донираат парични средства се собрани близу 60 милиони денари. Овие средства, рече Филипче, за многу краток период ќе бидат употребени за набавка на материјали за третманот на пациентите.