Македонија
28. April 2017 - 14:49

Од вторник во продажба билетите за првиот концерт на Филхармонијата во новата сала

Македонската филхармонија соопшти дека од вторник, 2 мај, ќе бидат пуштени во продажба билетите за свеченото отворање на нејзината нова концертна сала на 21 мај. Билетите ќе бидат по цена од 2.500 и 3.000 денари и може да се набават на билетарницата во Дом на АРМ, секој ден од 10 до 16 часот.

- Концертот со кој ќе се одбележи отворањето на новиот музички храм на Македонската филхармонија, ќе се одржи на 21 мај (недела) со почеток во 19 часот. Македонската филхармонија за овој мошне значаен, историски миг за нашата култура, приредува ексклузивен, уникатен концерт, на кој како солист ќе настапи македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески, а зад диригентскиот пулт ќе застане еден од најдобрите диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази, соопшти Филхармонијата. 

На првиот концерт на Филхармонијата во нејзиниот нов дом ќе бидат изведени  дела од Трајко Прокопиев, Сергеј Прокофјев и Петар Илич Чајковски.