Од вторник обилни врнежи од дожд
Значителна промена на времето се очекува од вторник па се до крајот на наредната работна седмица, кога Македонија ќе подпадне под влијание на влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат поголема количина на воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи.
Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне.
Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, како и да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.дма/19:03
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација