Македонија
25. January 2020 - 16:37

Од вторник јавна расправа во собранието за Јавното обвинителство

Законот за обвинителство во вторник да влезе во собраниска процедура побара лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев по вчерашната работна средба за овој закон и покрај тоа што таа беше напуштена од тимот на ВМРО-ДПМНЕ. Заев се надева дека ќе обезбеди 2/3 мнозинство и инсистира на гласање по зконот до 12 февруари пред распуштањето на парламентот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, пак, смета дека власта прави циркус од преговорите .

Иако двајцата лидери велат дека имаат добра основа за преговарање, црвените линии не се поместуваат.

За во вторник, пак, претседателот на комисијата за политички систем  Александар Кирацоски ја најавува и јавната расправа на оваа тема со покана на нејзе да учествува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Јовески по вчерашната средба за Сител потврди дека ќе учествува на стручната дебата во парламентот, но не и во политичките разговори за законот за обвинителство. Рече дека е задоволен од последната верзија на законското решение.

Законот за обвинителство во контекст на евроинтеграциите бил главна тема и на состаноците кои утринава ги имаше претседателот на Европскиот совер Шарл Мишел токму со Заев и Мицкоски. Законот не е услов за Брисел, но Мишел укажал дека тој ќе помогне во напредокот на земјава на патот кон ЕУ. Двајцата лидери, пак, го увервувале бриселскиот авторитет дека реформите ќе продолжат во сите сектори, а се зборувало и за претстојните избори.