Македонија
28. January 2022 - 12:08

Од вторник дожд и снег

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето кое ќе трае до вторник за кога се очекува нов влажен бран со дожд и снег.

-Утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60 км/час). Во недела и понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Ќе два слаб до умерен, повремено и засилен ветер во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.