Балкан
6. February 2017 - 18:05

Од водите на Средоземно Море спасени 500 мигранти

Министерството за одбрана на Шпанија денеска соопшти дека една од нејзините фрегати во дрвен брод во близина на либискиот брег спасила околу 500 мигранти, кои биле тргнати на пат за Европа, јавија американските медиуми.

Меѓу 494-те лица, кои биле спасени вчера, се наоѓале и 18 жени и осум деца.

Денешната изјава на Министерството за одбрана наведува дека на фактот дека на спасените им била дадена лекарска помош и храна, пред нивниот дрвен брод да биде уништен, за повторно да не се користи  за шверц на луѓе.

Шпанската фрегата патролирала по Средоземјето како дел од европската операциија на запирање и уништување пловила што шверцерите ги користат за илегално пренесување мигранти.