Македонија
18. May 2021 - 20:23

Од Влада ја потврдија одлуката: Полицискиот час продолжува до 1 јуни

На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Тоа значи дека, уште две недели останува на сила полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро, а работното време на угостителите ќе биде до 23:30 часот.