Македонија
2. February 2023 - 11:51

Од вечер врнежи од снег и на пониските места, од следната седмица минусни температури

Денеска попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. До изутрина на планините снежната покривка ќе се зголеми, а ќе се формира помала снежна покривка и на некои пониски места, особено во северните делови.

Во Скопје во текот на ноќва ќе има повремени врнежи од снег и во делови од котлината ќе се формира мала снежна покривка.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час).

Студеното време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.