Loading Video...
Ракомет
9. November 2018 - 15:17

Од Вардар порачуваат: Барселона в недела ја очекува „пекол“ во Јане Сандански

Македонскиот ракометен првак Вардар во недела пред својата публика ќе го одигра дерби дуелот од 7.коло во Лигата на шампионите, а гостин во Јане Сандански ќе биде шпанскиот гигант Барселона. 
 
Во мега пресметката од А групата, но воедно и оваа рунда од Лигата на шампионите, Вардар ја пречекува Барселона во СЦ „Јане Сандански“. 
 
Во таборот на црвено-црните се свесни за квалитетот на противникот, кој како и нашиот шампион досега има пет победи и еден пораз, па евентуалниотпобедник од овој меч ќе избие сам на врвот на табелата во оваа група. 
 
Барселона е одличен тим ова ќе биде многу тежок натпревар за нас. Барселона има еден од најдобриот тимови во Европа, во последните години играа добро, се обидуваа да стигнат до Ф4, но оваа година мислам дека играат подобро од претходните две сезони. Ќе мора да одиграме добар натпревар од почетокот до крајот, ако сакаме да имаме опција да освоиме два бода. Тренираме добро, играчите си ги завршуваат задачите, се обидуваме да бидеме најдобри што можеме за недела и да се обидеме да победиме. Мора да бидеме мотивирани, не треба да победиме само со тактиката, туку и со емоциите“, изјави Роберто Парондо на денешната прес конференција.
 
Капитенот Стојанче Стоилов очекува пеколна атмосфера, во одамна распродадената сала на „Јане Сандански“ што како и секогаш ќе биде и дополнителен мотив за ракометарите. 
 
„Не очекува натпревар со Барселона, натпревар за прво место во групата. Тие знаат дека ги очекува пекол, не им е сеедно што ќе играат тука. Тоа нас не не допира, ќе одиме на победа. Мислам дека ќе решава борбеноста, дали ќе дадеме се од нас, а за нервозата, веќе сме со години во ова, нервозата не претставува проблем. Сезонава наспроти сите очекувања нам ни оди добро. Ние во клубот  сакаме да победуваме и кога играме видео-игри, а камо ли на натпревар“, изјави Стојанче Стоилов.
 
Дербито на колото меѓу Вардар и Барселона, в недела ќе започне во терминот од 17 часот.