Македонија
21. November 2019 - 12:17

Од утре во вакциналните пунктови во Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров

Од утре во вакциналните пунктови во Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров тимовите ќе боцкаат и со бесплатните вакцини против грип. Во секој пункт ќе има пи 800 дози кои се наменети за пензионерите, хронично болни, трудници и деца до 6 година. Иако бројката на оваа популација е огромна, министерот за здравство вели дека набавката ја направиле согласно интефесот од лани.

Но доколку им голем интерес Филипче најави дека ќе побараат донација. Со бесплатни вакцини ќе има боцкање и во центрите за јавно здравје. Преку Мој Термин досега закажале околу 6000 граѓани за кои се наменети бесплатните вакцини. Тимовите во дополнителните пунктови ќе бидат дополнително платени.

Сања Димитровска