Македонија
1. October 2018 - 15:00

Од утре во прекин железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија

Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од утре ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани.

Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.