Македонија
3. April 2016 - 18:43

Од утре вистински пеколни температури

Времето во Македонија утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи о д 4 до 10, а максималната од 21 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб југоисточен ветер. 

Минималната температура до 7, а максималната до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на  топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време за овој период од годината. 

Кон крајот на работната недела ќе има услови за локален дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање.