Македонија
8. August 2018 - 16:30

Од утре увид во Избирачкиот список - „Левица“ поднесе иницијатива за уставноста на референдумот

Од утре стартува увидот во Избирачкиот список. Граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право на референдумот на 30 септември ќе можат да проверат дали се запишани во евиденцијата на гласачи. Увидот ќе трае до 23-ти август. Проверката се прави или во подрачните едници на ДИК од 9 до 19 часот, или пак, електорнски преки интернет страницата за Државната изборна комисија. Пребарувањето се прави по име и презиме, адреса или пак, матичен број.

Иселениците ќе можат да прават увид во Избирчакиот список во ДКП-та до 29 август. Гласањето во дијаспората ќе се прави еден ден пред официјалниот референдум, на 29 септември.

Додека ДИК ги прави првите активности за организирање на референдумот, партиите почнуваат со својот дел од предреферендумскиот период – јавната пропаганда. Левица поднесе инцијатива пред Уставниуот суд против Одлуката на Собранието за распишување на референдумот. Според оваа партија одлуката по неколку точки не е во согласност со Уставот.

Левица бара Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, но бара и веднаш по годишните одмор Уставниот суд да донес времена мерка пред референдумот за сопирање на активностите околу него.

Левица ќе го бојкотира референдумот за името, но според нејзиниот претставник тие ќе побараат од ДИК да им биде овозможено да го набљудуваат изјаснувањето.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак, објави дека партијата одлуката за тоа дали ќе учествува на консултативниот референдум ќе ја донесе до 10 септември. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Одлуката за распишување на референдумот.

Владината коалиција пак, преку нејзините функционери веќе повикува да се излезе на референдум и да се гласа „за“ референдумското прашање.