Македонија
28. December 2016 - 17:26

Од утре снег само на планините

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а наместа и силен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, во источните делови и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од минус еден до шест степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди.Ќе дува умерен, а наместа и силен северен ветер.

Температура ќе се движи од еден до четири степени.

Од утре брзината на ветерот се очекува постепено да се намалува, а со тоа ќе се овозможи и опаѓање на утринските температури. За новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време. Потоа во првите денови од Новата година следува период на стабилно, суво и студено време.