Од утре поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
Од утре се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности што значи дека граѓаните кои од страна на Катастарот се одбиени по кој било основ, при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест.
Директорот на Катастарот Борис Тунџев по минатонеделната средба со министерот за транспорт и врски изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка.
- Ова значи дека во случај кога од Агенцијата за катастар на недвижности е одбиен предметот по кој бил основ, при повторното поднесување на истата таа пријава за тој предмет граѓаните нема да плаќаат никаков надомест, појасни Тунџев.
Од страна на Катастарот најавено е и намалување во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастер, како и на надоместокот кој граѓаните го плаќаат при запишување на одредени права.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак